Можности

Прилагодливост и персонализација

По правило софтверските решенија за масовен билинг се најчесто In-House решенија. Самата комплексност на проблемот кој го адресираат бара висока персонализираност на софтверот според потребите на организацијата. Transact Billing нуди високо ниво на прилагодливост и персонализација: 

  • Програмски скрипти за автоматизирано фактурирање. Илјадници фактури со само неколку клика;
  • Персонализирани барања за аналитика врз податоците (SQL барања). Менаџер за барања за полесна организација на истите;
  • Додатни персонализирани полиња за табелите покрај основните генерички полиња. Доколку Ви треба поле "Договор склучен на" Вие сами го додефинирате само со неколку клика;
  • Дизајнер на документи за печатење или експортирање во PDF. Документи за фактури, уплати, договори, налози, инвентар може во неограничен број да се печатат или експортираат во електронска форма.

Лесен пристап и обработка на податоците

  • Transact Billing користи структури на табели од отворен код без енкрипции и не постои опасност од vendor lock-in;
  • Дистрибуиран информационен систем со централна база. Кон централната база се пристапува со клиентски или WEB апликации преку VPN мрежа или интернет;
  • Подржани неколку од најпопуларните RDBMS системи;
  • Софтверот овозможува експортирање, печатење и трансфер на податоци;
  • Напредни алатки за податочна обработка, што придонесува за подобри бизнис одлуки кои пак носат подобар профит;
  • Одлична скалабилност. Без проблем софтверот работи со милиони трансакции и фактури. Добрата скалабилност овозможува непречено растење на базата со растењето на Вашата организација;

24/7 пристап до податоците од најразлични платформи

  • Администраторска десктоп апликација за сложените задачи како аналитика, дизајнирање документи, фактурирање, прилагодување и персонализација;
  • Терминална WEB апликација за вршење наплата на одредени наплатни пунктови. Оптимизирана за работа од мобилен, таблет и десктоп компјутер;
  • WEB апликација за онлајн плаќање каде клиентот плаќа преку WEB портал. Исто така оптимизирана за работа од мобилен, таблет и десктоп компјутер;
  • Контролна десктоп апликација. Ја контролира достапноста на услугата во зависност од состојбата на сметката на клиентот. Контролните апликации се изработуваат по потреба и се клучен фактор за воведување финансииска дисциплина кај клиентите.