Тransact Billing е развиен со фокус на едно нешто и тоа едно нешто го прави исклучително добро. Тоа е платежниот систем и процесите околу него.
Целосно интегриран систем, заборавете на префрлање на фактури од еден софтвер во друг. Во моментот на фактурирање се е достапно за клиентот на неговиот профил за плаќање, печатење, документирање во самата WEB апликација;
Самиот процес на фактурирање е сведен на извршување на програмски скрипти за брзо и лесно адаптирање кон различни платежни планови;
Масовно печатење на документи за сите клиенти од администраторската десктоп апликација со само неколку клика;
Брза имплементација и адаптација кон софтверскиот систем. Сите апликации се интуитивни со пријателски кориснички интерфејси.
Заштеда на финансии
Софтверскиот систем промовира финансиска дисциплина кај клиентите, што има за последица повисока наплата;
Самата WEB апликација дозволува плаќање на фактурите само една по друга без скокање, а трансакциониот пристап дозволува со една трансакција да се платат две, три, десет односно неограничен број на неплатени фактури;
Top-Down решение независно од софтверски пакети на трети страни. Со самото тоа се минимизираат односно избегнуваат скапи интегративни процеси со други софтверски пакети;
Законска усогласеност и заштита
Законска усогласеност со основните сметководствени концепти во земјава и Европа;
In-house имплементација дозволува легалност во прибирањето на осетливи податоци за клиентите како матичен број, број на сметка и слично. Нешто што е недозволено кога станува збор за решенија хостирани на несертифицирани хостинг сервери на трети страни;
Подршка на SSL сертификати за највисоко ниво на сигурност при комуникација преку интернет со WEB апликациите;
Современи технологии за одржување на базите на податоци кои овозможуваат врвен интегритет и сигурност на податоците. Секој од подржаните RDBMS системи има способност за периодични бекапи на базата. Самите процеси за бекап се автоматизирани со што се олеснуваат административните потреби над базата.
Иновативност и современи технологии
Логика имплементирана на ниво на база за беспрекорен интегритет на податоците;
Иновативни алгоритми за рекалкулации, прекалкулиран данок, рекалкулација на платени неплатени;
WEB апликации базирани на REST концептот за ненадмината брзина при работење преку интернет;
Модуларен пристап при конектирање кон базата што овозможува промена на RDBMS системот со промена на модулот;