Интро

Што е Transact Billing

Transact Billing е информационен платежен систем за масовно одржување на периодични рекурентни наплати. Развиен е врз основа на моделот на трансакцииски сметки со што природно се вклопува во банкарските платежни процесори.

Transact Billing е во континуиран развој повеќе од деценија и е постојано во употреба кај организации кои фактурираат илјадници сметки месечно со повеќе од милион трансакции во своите бази на податоци.

Која е намената

Софтверскиот систем наоѓа примена кај организации кои вршат рекурентни периодични наплати.

Сведоци сме на економија која интензивно се ориентира кон сервиси. Освен сметките за струја, вода и телефон, денес имаме зачително повеќе месечни, годишни односно периодични сметки. Фирмите кои пружаат вакви рекурентни услуги се примарни кандидати за овој софтверски систем.

Кој е бенефитот

Имањето на добро функционален платежен систем кој овозможува интернет наплата е од примарно значење. Со Transact Billing Вашата организација се стекнува со значителна предност од аспект на финансииска одржливост и организација.

Константниот прилив на средства кај една организација со сервисен пристап кон своите услуги и продукти, овозможува истата континуирано да расте и се развива.

Нов момент претставува и развојот на информацииските технологии и нивната се поголема достапност. Одржувањето на инфраструктура за месечна наплата за илјадници или десетици илјади клиенти е далеку од  едноставна задача, односно така беше барем до скоро.